Развојната банка повлече 18 милиони евра за мали и средни компании

Bez autora
Apr 26 2022

Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје, денес, ги повлече третата и четвртата транша во износ од 18 милиони евра за мали и средни компании од заемот од Европската инвестициска банка.

Со овие транши се обезбедува поддршка на 45 проекти на домашни мали и средни компании и средно пазарнокапитализирани компании, кои ќе вработат нови 145 лица, информираат надлежните.

Од траншата најголем дел на средствата е наменет за компании во сегментот на трговијата и производството (14,7 милиони евра). Компаниите ги користат средствата од кредитната линија преку матичните комерцијални банки за заеми за тековни средства, со каматна стапка до 1,6 %.

Досега од кредитната линија ЕИБ 6 повлечени се вкупно 77,1 милиони евра за 227 компании, кои ќе вработат нови 608 лица.

Со овој заем, што РБСМ го склучи со ЕИБ во 2021 година, се обезбедија 100 милиони евра по поволни услови како директна поддршка на малите и средните компании и средно пазарнокапитализираните компании.

Преку заемот се поддржуваат домашни компании од трудоинтензивните дејности, како производство, туризам и услуги, за брзо закрепнување од пандемијата на Ковид-19.

Заемот од ЕИБ ќе им помогне на компаниите да обезбедат континуитет на деловните процеси и задржување на работните места, а истовремено да ја зголемат својата продуктивност и да ги прошират деловните активности.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik